Skopje

Search

Category

Guarantee

The warranty period for all Electrolux Ltd     products is 12 months for the first installation  of the product  on the date of installation  or  60 days to purchase spare parts  for our electric heaters and spare parts. Heaters and  appliances with  spare parts must be connected to the prescribed voltage, under conditions that ensure a safe and quality work.

 

Installation and replacement of  Mr Rainey bodies and Spare  Parts of   professionally trained and authorized persons (a list of our services in the official   website   of the  (  Electrolux Service  ). The warranty is valid only if the heater and spare these  parts are  used in a proper and orderly manner in the middle planned appropriate for the type of  electric  heater  and Back Part   you use. Spare parts for boiler and heating system must be  installed by an authorized person and professional  , and the condition of six regular maintenance (cleaning ovens of lime) prepared by the authorized person. In the event that spare parts and the heater is not used in the prescribed manner (adequate voltage, the environment in which it operates, etc.) is not incorporated or   amenet and not   by an authorized person ( imperious warranty) Warranty  and (Account)  does not apply  and is not valid.

 

ГАРАНЦИЈА

 

    Сите производи купени од Електролукс и Еуролукс  ИНТЕРНАЦИОНАЛ  се под гаранција. За одредени производи гаранциската изјава наведена на веб страната е лимитирана. За тие производи важи гаранциската изјава која доаѓа со тие производи поради соодветните договори склучени со увозниците и/или дистрибутерите на производите. За тие производи неважат прописите наведени на оваат веб страна.

 

ГАРАНЦИСКИ УСЛОВИ

 

I Општи услови

 

1.       Потрошувачот има право на рекламација доколку производот не работи според предвиденото,

 

2.       Откако ќе забележи неисправност на производот, потрошувачот е должен за истото да извести во најкраток можен рок.

 

II Права на потрошувачот кои произлегуваат од задолжителната гаранција

 

1.       Подолу наведените права можат да бидат остварени во гарантниот рок.

 

2.       Гаранцискиот рок започнува да тече од денот кога производот ќе биде предаден на потрошувачот

 

3.       Во случај на неисправност Трговецот или сервисерот се должни да го отстранат дефектот во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за сервис од страна на потрошувачот.

 

4.       Во случај на неисправност на производот доколку не се поправи, потрошувачот по свој избор има право да бара замена на ист таков, нов, и исправен производ или нов и исправен производ еквивалентен според карактеристиките на стариот производ , освен во случаите, кога исполнувањето на избраниот производ од потрошувачот е невозможна, или кога со тоа би настанале несразмерно поголеми расходи на Трговецот, во споредба со друг производ. При тоа се земаат во предвид состојбата на производот, степенот на непочитување на договорот и настанатите проблеми на Трговецот или соодветно на сервисерот, при исполнувањето на гаранциското задолжување.

 

5.       Во случај неисправноста да не биде отстранета согласно наведеното во точките 3 и 4 погоре, потрошувачот согласно законот по избор може да бара сразмерно намалување на цената, замена на производот со нов или да го раскине договорот. Потрошувачот нема право да го раскине договорот во случај на незначителна неисправност на производот.

 

6.       Трговецот или сервисерот се должни да ја извршат замената или поправката на начин што истото ќе биде во согласност со карактеристиките и својствата на производот, во рамките на гарантниот рок и без истите да причинуваат значителни проблеми на потрошувачот.

 

7.       Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство и истите права не се загрозени со оваа гаранција.

 

III Пријавување на рекламации
    Потрошувачот може да поднесе рекламации кај Трговецот или да се обрати директно во Сервисните центри.

IV Случаи кога гаранцијата може да биде неважечка

 

1.       Гаранцијата нема да биде важечка во случај:

 

·         физички оштетувања на производот;

 

·         изложеност на вода за производи кој немаат IP65 заштита или повисока;

 

·         несоодветно приклучени на електричната мрежа;

 

·         користење на потенциометар за производи кој не се класификувани за потенциометар

 

·         било какво дејствие или поправка кое предизвикало дефект или механичко оштетување или причина за неисправност, а која не е извршена од овластен сервисен центар

 

2.       Гаранцијата нема да биде важечка, ако дефектот (оштетувањето) настанал како резултат на тоа што потрошувачот не се придржувал кон правилата за употреба, наведени во упатството за користење на производот.

 

3.       При поднесување на рекламација потрошувачот е должен да достави фискалната сметка за производот или издадената фактура.

 

4.       Ако поради горенаведените причини настанат дефекти и оштетувања, сервисирањето е на сметка на потрошувачот, дури и кога истото се врши за времетраењето на гарантниот рок.

 

НАЧИН НА ИСПОРАКА

 

     При примањето на производот примачот е должен да го провери производот од евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуален недостик на некој дел (доколку производот е составен од неколку делови). Доколку е констатирано недостаток,примачот е должен веднаш да го пријави недостатокот.

   Пред испорака на производот купувачот ќе биде контактиран телефонски за часот и денот на испорака.

 

·         Испораката на производите се прави низ целата територија на Р. Македонија.

 

·         Испорака на производи надвор од територијата на Р. Македонија не се прави.

 

·         Времето на испорака во Скопје изнесува 24 часа од моментот на правењето на нарачката.

 

·         Низ другите градови во Македонија времето на испорака изнесува 48 часа од моментот на правењето на нарачката.

 

·         Доколку нарачката е направена после 17 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од наредниот работен ден.

 

·         Доколку нарачката е направена во нерабтен ден рокот започнува да тече од првиот работен ден.

 

·         Во рокот на испорака не се пресметуваат неработните денови.

 

·         Еуролукс  го задржува правото да го продолжи периодот на испорака без да го извести купувачот најмногу 7 дена од моментот на правењето на нарачката и над 7 дена само со договор со купувачот.

 

·         Доколку има доцнење на испораката Електролукс и Еуролукс не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката.

 

ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА

 

   Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура ,испратница и другите пропратни документи кои се доставени при испораката и истиот може да го замените со нов.

   Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница и другите пропратни документи кои се доставени при испораката во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

   Електролукс  и Еуролукс го задржува правото да ја менува Политика за враќање на производите и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на Електролукс  и Еуролукс.

   Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметкопотврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:

– да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или

– да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не мож е да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

 

Начин на плаќање

 

1. Кредитна или дебитна картичка

 

   Вашата трансакција ќе биде процесуирана со помош на системот за наплата од кредитни картички на банка  кој е овозможен и поддржан од реномирана компанија за картични трансакции. Нашиот доверлив партнер  банката  е единствената институција која доаѓа во допир со Вашите финансиски податоци (број на кредитна картичка).
Пред внесувањето на бројот од кредитната картичка сте пренасочени на сигурна веб страна на банката, каде што се внесува бројот и се потврдува трансакцијата. Притоа податоците се чуваат во склад со највисоките банкарски критериуми за сигурно работење.

 

   Плаќањето се одвива со едноставно внеување на податоците од вашата картичка во формуларот кој се појавува откако ќе се одлучите да го купите производот, кој претходно се наоѓа во вашата кошничка, и ќе го одберете методот на испорака. Вашиот производ ќе ви биде испорачан директно до адресата која ја имате наведено.

 

Еуролукс  прифаќа трансакции со следните картички:
• Visa (Electron, Classic, Business, Gold)
• MasterCard (Standard, Business, Gold)
• Maestro

 

како и картичките од домашните брендови:
Про Кредит Банка
Карго Експрес Битола
• Стопанска Банка
Скопје

 

   При трансакциите се користат серификатите за безбедносните програми MasterCard SecureCode како и Verified by Visa, со кои Ви обезбедуваме максимална сигурност и безбедност на трансакции со картички кои ќе поминуваат преку нашата веб страна.

 

2. Плати во готово при испорака

 

    Овој начин овозможува плаќање во готово при испорака на производите. Ве молиме при креирањето на профилот и нарачката да внесете точни податоци за адреса и телефон како би можеле да Ве контактираме за понатамошниот тек на нарачката.

 

3. Директен Банкарски Трансфер

 

   Со овој начин можете да ја извршите вашата уплата директно на нашата банкарска сметка. Ве молиме употребете го БРОЈОТ НА ПОРАЧКАТА како референца за плаќањето. Вашата нарачка нема да биде испорачана се додека средствата не се појават во нашата сметка.

 

Contact

Electrolux
= LED Light =

Telephone-Bitola: +389 (0) 47 203 330
Telephone-Skopje: +389 02 3298 130
Telephone-Skopje: +389 02 3225 230
Fax:              +389 (0) 47 203 900
Mobile Phone Number: +389 (0) 70 237 108
E-mail:   electrolux@t.mk

Electrolux